Германија предлага ЕУ да го суспендира договорот за визно олеснување со Русија
Германската влада и предлага на ЕУ да го суспендира договорот за визно олеснување со Русија, објави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на прес-конференција по затворениот состанок на владата.
„Мојот предлог, и мислам дека има добра причина за тоа, е јасно да се стави до знаење дека го суспендираме договорот за визно олеснување (со Русија)“, рече Бербок, истакнувајќи дека овој потег ќе ја исклучи можноста руските граѓани во Германија да добиваат повеќегодишни шенген визи.
Истовремено, таа нагласи дека во иднина властите на земјите од ЕУ повнимателно ќе ги проверуваат целите за кои Русите добиваат визи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…