Објавено на:

Германија се бори со инфлацијата

t

Германија издвојува 30 милијарди евра за помош на населението од зголемената инфлација, јавуваат светските агенции. Германците ќе плаќаат само 9 евра месечно за јавен превоз, за ​​секој литар бензин ќе добијат попуст од 30 центи, а за дизелот – 14 центи.

Со промените, цените на бензинските пумпи во Берлин веќе паднаа под 2 евра за литар. Бензинот чини 1,88 евра, а дизелот 1,87 евра.

Со зголемувањето на потрошувачките цени кои уриваат нови рекорди во последните месеци, најголемата европска економија ослободува 30 милијарди евра од својата каса за да им помогне на жителите и бизнисите да се справат со кризата.

Германската инфлација достигна нов врв, највисок на сите времиња. Податоците објавени оваа недела покажуваат дека во мај растот на цените во најголемата европска економија изнесувал 8,7% во однос на мај 2021 година, што го зголемува притисокот врз Европската централна банка (ЕЦБ).

Податоците за инфлацијата го зголемуваат притисокот врз германската влада.

Министерот за финансии Кристијан Линднер ја нарече борбата против растот на цените „апсолутен приоритет“, истовремено повикувајќи на крај на експанзивната фискална политика.

„Инфлацијата е огромен економски ризик“, рече Линднер на прес-конференција во Берлин. Министерот за финансии додаде дека земјата „мора да се бори со овој висок ризик за да нема економска криза“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…

Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…