Германија се бори со Ковид: Регистрирани повеќе од 300.000 случаи за 24 часа
Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 318.387 случаи на Ковид-19. Тоа е рекордна бројка на дневно ниво, јави германската новинска агенција ДПА.
Во изминатото деноноќие имало 300 смртни случаи, а седумдневната стапка на инциденца достигна 1.752, што исто така е највисока досега.
Институтот Роберт Кох (РКИ) денеска соопшти дека за една седмица, првпат биле пријавени над 1,5 милиони заразени во Германија.
Од почетокот на пандемијата во Германија регистрирани се 19.596.530 заболени со Ковид-19, 127.822 смртни случаи и повеќе од 15 милиони оздравени луѓе
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…
Светската здравствена организација објави дека повеќе од…
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…