Објавено на:

Германија се заинати: Може да договориме ембарго на руската нафта и без Унгарија

t

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изјави дека земјите од Европската Унија се уште можат да се договорат за воведување ембарго на руската нафта и покрај противењето на Унгарија.

Државите се во различни ситуации кога станува збор за снабдувањето и тоа треба да се прифати – изјави Хабек на маргините на состанокот на министрите за клима и екологија на Г7 во Берлин.

Што се однесува до Германија, Хабек укажа дека треба да се направат подготовки пред да се донесе одлука.

Но, се разбира, исто така е многу важно Европа да остане обединета и заедно. Затоа сите земји мора да вложат напори да ја намалат зависноста од нафтата. Ова важи и за Унгарија – изјави Хабек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…

Цената на суровата нафта во светот порасна…

Сијарто му ја плесна вистината во очи…

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…