Германија со одлична вест за гастербајтерите, се укинуваат сите епидемиолошки мерки
Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах денеска изјави дека во текот на летото Германија ќе ги укине епидемиолошките мерки за патниците за кои до сега за влез во Германија им беше потребна потврда за извршена вакцинација против ковид-19, негативен ковид тест или потврда за прележана корона.
Лутербах за медиумите изјави дека епидемиолошките мерки ќе бидат укинати од 1 јуни до крајот на август.
Од почеток на месец март, Германија веќе нема листа за високоризични области.
Бројот на нови случаи на коронавирус во Германија е во постојан пад и голем дел од рестриктивните мерки се укинати.
И покрај стабилната ситуација со корнавирус, владата во Германија најави дека ќе обезбеди додатни 830 милиони евра за вакцини кои ќе помогнат против појавување на нови варијанти на коронавирус на есен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…