Германија ја легализираше рекреативната употреба на марихуанатa

t

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативната употреба на марихуаната, објави Би-Би-Си. Според него, сите над 18 години ќе смеат да поседуваат одредено количество, но ќе биде тешко да се купи.

Пушењето канабис на јавно место ќе стане легално од 1 април. Притоа ќе биде дозволено да се поседуваат до 25 грама марихуана, а во домашни услови до 50 грама. Полицијата во некои делови на Германија и досега не правеше проблеми за пушење марихуана во јавност, но поседувањето за рекреативни цели беше незаконско и можеше да се оди на суд за тоа.

Министерот за здравство Карл Лаутербах изјави дека новиот закон има за цел да го поткопа црниот пазар, да ги заштити корисниците од неквалитетна марихуана и да ги скрати приходите на организираните криминални групи. Сепак, легалните кофи-шопови нема одеднаш да се појават низ целата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

Судот одлучи дека Германија не смее да…

И покрај пресудата во корист на мигрантите…