Германија ѝ одобри на Полска да извезува стари МиГ-29 во Украина
Германија го одобри барањето на Полска за извоз на стари германски борбени авиони МиГ-29 во Украина, соопшти денеска германското Министерство за одбрана
Полска побара одобрение од Берлин за извоз на пет стари германски авиони МиГ-29 за зајакнување на воздушните сили на Украина во одбраната од руската агресија.
Полското Министерство за одбрана се уште не го коментираше соопштението од Берлин.
Германија наследи 24 авиони МиГ-29 од поранешна Источна Германија во процесот на повторно обединување во 1990 година. Во тоа време, таквите борбени авиони се сметаа за едни од најнапредните во светот.
Во 2004 година, Берлин предаде 22 такви авиони на полските воздухопловни сили. Од преостанатите два, едниот е уништен, а другиот е во музеј.
За да може тие авиони да ги препрати во трета земја, во овој случај Украина, Полска треба да побара согласност од Берлин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Варшава минатата недела изјави дека Полска ќе помогне во формирањето на коалиција на западните сили која ќе испорачува борбени авиони на Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…