Германската амбасадорка во Скопје: Преговарачката рамка е доказ дека Бугарите во Устав е последниот услов на патот кон ЕУ
Со определбата на македонската Влада за европскиот пат, за целта за членство во ЕУ, како долгорочна стратешка цел на земјата, Владата се определи и за ефективна борба против корупцијата и организираниот криминал. Верувам дека ова се теми што заслужуваат уште повеќе внимание во следните недели, месеци и ќе станат уште поважни. Граѓаните бараат да не ја платат цената за тоа, корупцијата да не остане неказнива и да биде на товар на општеството, изјави германската амбасадорка Петра Дрекслер.
Амасадорката Дрекслер во интервју за емисијата Трилинг за ТВ 24, посочи дека вклучувањето на бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот е дел од преговарачката рамка што Македонија ја склучи со 27 земји членки на ЕУ.
– Преговарачка рамка со ЕУ е доволна гаранција дека по внесувањето на Бугарите во Уставот нема да има нови услови на македонскиот пат кон Брисел, рече таа додавајќи дека се надева оти наскоро ќе бидат изгласани уставните промени во Собранието.
Германската амбасадорка посочи дека минатата недела Бундестагот ја повика Владата да ја поддржи Македонија во сите нејзини реформски чекори во правец на Европската унија, конструктивно да ја придружува.
– Пратениците го земаа тоа за повод уште еднаш да ја искажат својата почит кон македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура, вели Дрекслер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…