Германската амбасадорка: Напредокот на Македонија кон ЕУ зависи од успешноста во справувањето со корупцијата

t

Напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија ќе зависи во голема мера и од успешното сузбивање на корупцијата, има многу работи кои треба да се направат, но ја имате нашата поддршка, истакна Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Анке Холштајн на денешната прес-конференција по предавањето на донираната опрема за МВР.

Таа рече дека во пристапниот процес кон ЕУ поглавјето за владеењето на правото е една голема рамка, односно тоа е поглавје кое прво се отвора и последно се зтвора.

-Има многу работи кои треба да се направат, а тоа е случајот со Македнија и тоа го кажа и мојот претседател за време на неговата посета. Во завност од тоа колку брзо Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка и сите треба да научат и најмалите и најголемите како се води борбата против корупцијата, порача амбасадорката.

Министерот за внатрешни работи пак, посочи дека во МВР нема простор за селективности за лицата кои прават прекршоци.

-И сами гледате во саботата кон недела имаше казнети пратеници и во Собрание, сакам да кажам дека апсолутно не може да стане збор за селективност и секој споделена информција  во делот на кривичниот прогон би ни биле од голема корист, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…