Објавено на:

Германската БНД: Нема индиции дека режимот на Путин ќе падне, Русија може уште долго да води војна

t

И 15 месеци по почетокот на војната во Украина, германската тајна служба БНД нема индикации дека е можна дестабилизација на режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

„И покрај индивидуалните критики, на пример поради премногу бавната испорака на муниција, нема индикации дека системот е потресен или дека може да падне. Русија сè уште е способна да води долготрајна војна“, рече шефот на БНД, Бруно Кал.

Кал на Федералната академија за безбедносна политика (БАКС) во Берлин рече дека не станува збор за слабости или дека активностите може да бидат прекинати, пренесува Дојче веле.

Сепак, тој истакна дека падот на режимот не може целосно да се исклучи и дека има слаби точки и можни изненадувања, на пример во однос на способностите на вооружените сили.Тој исто така предупреди дека Путин може да има успех со својата стратегија да се потпре фактор на време и маса на сили, ако Западот не ја поддржи доволно Украина и не организира отпор.

На прашањето кога точно БНД знаела дека Русија ќе ја нападне соседна Украина, Кал одговорил – приближно 14 дена пред почетокот на војната.

„Идентификувавме и појави кои не може да се толкуваат поинаку“, додаде тој.

Кал ги отфрли како неоправдани критиките дека тајните служби на САД и Велика Британија знаеле многу пред БНД дека војната ќе избие.

Тој објасни дека тие служби ја предвиделе веројатноста за избувнување на војна врз основа на одредени критериуми и трендовите што ги забележале.

Спротивно на тоа, рече Кал, она што беше важно за БНД е фактот дека Путин на крајот беше тој што ја донесе одлуката.

За шефот на Кремљ таа одлука зависела од многу работи, додаде Кал, но тие не се состоеле од „броење проектили или оклопни возила“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…