Објавено на:

Германската влада ќе дистрибуира 19.500 дози вакцина против мајмунски сипаници

t

Германската влада ќе дистрибуира следната недела 19 500 дози на вакцина против мајмунски сипаници низ целата земја, соопшти Министерството за здравство, бидејќи побарувачката продолжува да ја надминува понудата во жариштата, јави ДПА.

Околу 40 000 дози беа испратени во германските покраини во јуни и уште 5300 во јули. Федералната влада потпиша договори за вкупно 240 000 дози.

Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека ширењето на болеста треба да се спречи со сите расположливи средства.

„Тоа вклучува добро следење на контактите, сеопфатно образование и вакцинација на луѓето особено изложени на ризик“, рече тој.

Свен Леман, владиниот комесар нагласи дека „подготвеноста за вакцинација, особено кај мажите кои имаат секс со мажи, е висока“.

„Но, особено во жариштата, побарувачката е многу поголема од понудата. Во некои градови, оние кои бараат вакцинација имаат потешкотии да закажат термини“, истакна тој.

Во Германија од мај се пријавени 3.405 случаи на мајмунски сипаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…

Ужас: Во Германија на секои половина час…

Во Германија на секои половина час дете…