Германска телевизија ангажираше украинска новинарка: Бегалците ќе можат да слушаат вести на мајчиниот јазик
Германскиот телевизиски сервис РТЛ ангажираше водителка од Украина да води информативни програми наменети за оние кои ја напуштија својата татковина поради руската инвазија.
Комерцијалната телевизија објави дека Каролина Ашион од понеделник до петок ќе води 10-минутна информативна програма на украински јазик и дека е наменета за речиси 200.000 луѓе кои побегнале од Украина во Германија.
Малта Баумбергер, менаџер на проектот „Украина ажурирање“ за програмата РТЛ, рече дека емитуваат вести на украински со желба да допрат до луѓе кои ја напуштиле својата земја и не зборуваат англиски и други светски јазици.
Ашион пристигна во Германија пред една недела, по напорното патување од Киев преку Молдавија и Романија.
Нејзините машки колеги, на кои не им е дозволено да ја напуштат Украина ако се на возраст меѓу 18 и 60 години, продолжуваат да емитуваат телевизиски програми од засолништата во главниот град на земјата, Киев, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фолксваген укинува 35.000 работни места во Германија…
Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе…
Саудиска Арабија ја предупредила Германија за осомничениот…
Саудиска Арабија ја предупреди Германија за човекот…
Напаѓачот во Германија е Саудиец, масакрот го…
50-годишен доселеник од Саудиска Арабија е напаѓачот…
(Видео) Автомобил влета во Божикен базар во…
Возило влетало во толпа во Германија, според првичните информации…
Германија и покрај многуте проблеми сѐ уште…
Германија, и покрај многуте проблеми, сè уште…