Германскиот Бундестаг денес ќе донесе Резолуција за недвосмислена потврда на македонскиот јазик и идентитет
Германскиот Бундестаг денеска треба да расправа и да гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето Македонија во ЕУ. Со резолуцијата се очекува да се реафирмираат македонскиот идентитет, јазик и култура на патот на земјата кон Европската Унија.
Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.
Германските пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“.
-Нашата акција со земјите членки е почната уште од денот кога е усвоена Преговарачката рамка. Таа комуникација е непрекината цело време и со задоволство можам да кажам дека почнува од центарот на Европа, почнува од Берлин, од Бундестагот, кадешто политичките партии без никакви дилеми и тешки разговори носат Резолуција со која не само ги потврдуваат идентитетските атрибути и тоа што ЕУ веќе го потврди во Преговарачката рамка, меѓутоа еве дополнително на ниво на држави земји членки на ЕУ. Се разбира, ова е само почетокот, не можам во оваа фаза да ги најавам и другите, сепак е покоректно тоа да го направат самите земји. Ова е само почеток на една верига на такви резолуции во кои ќе биде потврдено тоа што е во Преговарачката рамка во смисла на јазик, идентитет итн, кажа вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Премиерот Димитар Ковачевски уште минатата среда после лидерската средба, најави дека голема земја-членка на ЕУ ќе донесе резолуција во Собранието како поддршка за членство на Македонија.
Во документите предложени во Бундестагот се вели и дека Западен Балкан останува „регион на латентна нестабилност“.
-Руската агресивна војна против Украина ја истакна ранливоста на границите во срцето на Европа, како и фактот дека замрзнатите или наводно просторно ограничените конфликти можат брзо да ескалираат и да се шират.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…