Германскиот министер за одбрана: Путин сака да го дестабилизира Берлин
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја „дестабилизира“ земјата, по пренесувањето на снимката од страна на Русија за доверлива размена на изформации меѓу германски офицери за испорака на оружје во Украина.
– Едноставно се работи за користење на таа снимка за дестабилизација и поткопување на единството на Германија – изјавил Писториус пред новинарите во Берлин.
Според него, јасно е дека се работи за создавање политички поделби на внатрешно ниво во Германија.
– Искрено се надевам дека Путин нема да успее и дека ќе останеме обединети, додал германскиот министер.
На социјалните мрежи од Русија во петокот беше објавена аудио-снимка од видео-конференциски состанок на германски високи офицери.
Во тој разговор особено се разговараше за хипотезата за испорака на ракети со долг дострел Таурус од германско производство во Киев.
Германското Министерство за одбрана во саботата потврди дека снимката е автентична и дека е „пресретната“.
Содржината на видеото доаѓа во незгодно време за Германија, бидејќи Берлин официјално одбива да му достави на Киев ракети од типот Таурус, наведувајќи го ризикот од ескалација на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…