Германските истражни органи ќе го гонат Арафат Муареми, Артан Ајро и Сеад Кочан?

t

Германската влада е заинтересирана за разрешница во случајот со кривичната пријава против Артан Ајро и Арафат Муареми која ја поднесе Фехми Стафа, државн правобранител кој мината недела си поднесе оставка.

Кривичната пријава на Стафа, ги обвинува екс-директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски дека сториле кривично дело со непостапување согласно законските обврски.

Поранешниот специјален обвинител Артан Ајро, кој сега работи во обвинителството за организиран криминал, неговиот колега Гаврил Бубевски, кој сега е шеф на скопското обвинителство, како и Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, а сега екс-директор на Управата за финансиска полиција, се осомничени за Злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење. Заедно со обвинителите и истражителот, пријавен е и самиот Кочан.

Државното правобранителство смета дека тие навремено не поднеле барање за замрзнување на имотот на Трансмет вреден 17,2 милиони евра, а Кочан тоа го искористил, па си го префрлил имотот на друга фирма – токму на денот кога СЈО побара замрзнување.

„Тие, заедно и со меѓусебен договор, организирано во група, првопријавениот (Артан Ајро) и второпријавениот (Гаврил Бубевски) во постапка пред суд , а третопријавениот (Арафат Муареми) во истражна постапка, знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот (Сеад Кочан), дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконско постапување на страна на четвртопријавениот. Прво пријавениот и второпријавениот според Кривичната пријава „не ги презеле сите пропишани законски дејствија и правни средства кои биле должни да ги превземат во постапката“, се вели во пријавата за случајот.

Според информациите на Инфомакс, Германското правобранителство е заинтересирано за овој предмет, бидејќи според прибраните сознанија, компанијата „Трансмет“ подигала кредити во германски банки за набавка на нова механизација, но наменскиот кредит бил злоупотребен.

Германските истражни органи до овој момент не можат да стапат во контакт со обвинителот Артан Ајро и екс-директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми.

Случај „Труст“

Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“ е осуден на шест години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ со што се здобил со имотна корист од 17 милиони евра. За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години е осуден и застапникот на фирмата „Силекс Неметали“, Василије Авировиќ. Со ова по девет месеци заврши првостепената постапка за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Оваа пресуда подоцна Апелација на намали на четири години и осум месеци.

Во 2017. година од страна на тогашното СЈО бил пдонесен предлог за издавање времена мерка над имотот на „Трансмет“, инаку сопственост на обвинетиот во случајот „Труст“ Сеад Кочан на 22.03.2017 година. Од страна на судот се барало уредување на предлогот по што предлогот е отфрлен со решение КПП бр.213/17 од 13.04.2017 година.

Судот барал во рок од 25 дена да го уредат предлогот за конфискација на имотот на „Трансмет“, нешто што надлежните обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски не го сториле, овозможувајќи му на Сеад Кочан кој инаку е обвинет во случајот да го испумпа имотот кој државата требала да го конфискува за да се обештети штетата направена врз буџетот.

На 09.мај 2017. година СЈО повторно поднеле предлог за издавање на времена мерка врз имотот на „Трансмет“, кој бил прифатен од страна на судијата Лидија Зимбаковска.

Меѓутоа, истиот ден кога е поднесен вториот, поправен, предлог за издавање на времена мерка од страна на СЈО, „Трансмет“ преку договор за купопродажба на недвижен имот од 03.05.2017 година го продал имотот на „ТВ Нова“, комапнија која исто така е во сопственост на Сеад Кочан. Точно на 09.05.2017 година, кога СЈО, поточно обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски поднеле поправен предлог за конфискација на „Трансмет“, Кочан успеал да го префрли целиот имот на „ТВ Нова“ и на истиот датум да го запише во Агенцијата за катастар.

Ако досега ви е премногу стручен ракописот, да појаснам.

Арафат Муареми како истражител во СЈО во тоа време и Артан Ајро како надлежен обвинител му овозможиле на Сеад Кочан кој бил обвинет во случајот „Труст“ да го префрли целиот имот на „Трансмет“ на компании кои не биле дел од постапката, на тој начин задржувајќи го имотот за себе, а државата не успеала да ја наплати штетата која била направена врз буџетот.

Да биде ситуацијата уште потрагична, Кочан преку неговиот адвокат Никола Додевски поднел и гаранција со цел укинување на мерката притвор, за ставање на хипотека на имотот на „ТВ Нова“ – истиот тој имот врз кој била веќе ставена времена мерка – забрана за оттуѓување и оптоварување.

Инаку, како куриозитет, дел од имотот на „Трансмет“ го купил и актуелен пратеник на ДУИ, бизнисменот Исмаил Јаоски – Пуцко, кој од „Трансмет“ во компензација добил два атрактивни плаца на Водно.

Арафат Муареми и Артан Ајро отвориле „тезга“

Обвинителот Артан Ајро и Арафат Муареми кој во 2017 работел како истражител на СЈО, а сега како Директор на Финансовата полиција, ниту еднаш не извршиле проверка на имотот, иако знаеле дека имотот на „Трансмет“ е продаден на друго лице, со што се оневозможува државата да изврши конфискација и да ја наплати штетата врз државниот буџет.

Истите обвинители кои постапувале по предметот „Труст“, се согласиле имотот кој веќе бил опфатен со времена мерка – замрзнат – да биде дел од гаранцијата со цел укинување на мерката притвор на Кочан.

Колку за илустрација, што правиме ако овој имот кој бил прифатен за гаранција со цел укинување на притворот врз Кочан, треба да се извршува – во таа ситуација кој би имал предност, судот или владата?

Да биде ситуацијата уште поинтересна, Ајро и Бубевски воопшто не се жалеле на барањето за укинување на мерката притвор, иако истата била поднесена со неважечка гаранција.

Артан Ајро, како надлежен обвинител кој според логиката на нештата би требало да извојува најголема корист за државата, го отпишал од барањето за конфискација и комплексот „Емпорио мол“ – објект од 15.000м2 во сопственост на „Трансмет“ со цел исполнување на целта на пресудата – конфискација на имот и обештетување на државниот буџет.

Кажете ми, верувате сега дека Артан Ајро и Арафат Муареми немале договор со Кочан да не превземаат дејстивија и да се прават слепи додека се изигрува правдата? – И јас не верувам.

Еве, кажете ми зошто во случајот „Труст“ не било повикано и Државното правобранителство на Р.Македонија да се произнесе дали има штета врз државата или не?

На кратко, обвинителот Артан Ајро бил должни да ги превземе сите дејствија во постапката, да го запленат имотот на „Трансмет“ пред истиот да биде префрлен врз компанијата „ТВ Нова“ – комапнија која е во стечај и има стечајни побараувања кон доверителите.

Практично, државата била оневозможена слободно да располага со имотот од 17 милиони евра, кој сега треба да го враќа на стечајните доверители.

Арафат Муареми

Арафат Муареми, актуелен директор на финансовата полиција во 2017 година како истражител во СЈО, дали поради непрофесионалност или намерно непревземање на мерки успеал да го заштити имотот на Сеад Кочан, кој потоа го префрлил на други компании, од каде пак државата немала можност да конфискува со цел да го обештети државниот буџет.

Проблемот на Арафат Муареми е во тоа што тој бил единствено одговорен да го следи текот на имотот на Кочан во случајот „Труст“, и за тоа да ги информира обвинителите кои потоа морале да поднесат барања и да ги спречат ваквите дејствија со цел државата да не биде оштетена.

Ниту Арафат, ниту Ајро и Бубевски не го направиле тоа.

Напротив, Арафат Муареми бил и „слеп“ во моментите кога 204 возила регистрирани на „Трансмет“ биле издавани на битолска компанија да работат на ископ на јаглен во РЕК Битола. Иако, сите овие возила биле претходно конфискувани со пресуда бр.1459/17. Тогашниот истражител, а сегашен директор на Финансовата полиција морал да го пријави ова и да превземе соодветни дејствија.

Трагедијата е во тоа што, ниту директорот на Агенцијата за управување со конфискуван имот не го пријавувал ова, па и покрај тоа што МВР, поточно СВР Битла во стотина наврати пишувале прекшоци за овие возила, ниту еднаш не биле одземени и вратени во Агенцијата за управување со конфискуван имот.

Државниот правобранител дури и барал од Љупчо Николовски да формира работна група во која ќе бидат вклучени сите релевантни институции со цел да разреши оваа ситуација и да не се оштети државата.

Иако Правобранителот барал во таа Комисија да бидат вклучени претседателот на кривичниот и апелациониот суд, судиите во кривичниот совет кои одлучувале по овој предмет и во прв и втор степен, Јавниот обвинител на Р.Македонија, обвинител од ОЈОГОКК, МВР – Николовски одлучил да го игнорира неколкупати, за на крајот да ја формира оваа Комисија во состав на Претседателот на Врховниот суд, Љубомир Јовевски, Вилма Русковска и директорот на Агенцијата за упраување со конфискуван имот Фатон Асани.

Комисијата има еден работен состанок на кој не е одлучено ништо, или со народен речник, Љупчо Николовски „замачкал очи“ и го ослободил од одговорност Арафат Муареми. Или, барем така мислел тогаш.

Но ваквото однесување на Муареми не е само во случајот „Труст“.

Кажете ми, се сеќавате ли дека Арафат Муареми иако споменат во исказите на оштетените во случајот „Рекет“ беше споменуван како пријател на Бојан Јовановски-Боки 13, не беше повикан во ниту еден случај како сведок?

Се сеќавате дека оштетените во своите искази споменуваа дека Боки 13 се заканувал дека ако не исплатат одредена сума на пари, Арафат Муареми ќе им отвори истрага?

Сигурно не се сеќавате, затоа што името на Арафат Муареми до сега беше паметно затскривано и премолчувано.

Шема „Рекет“, проширена и надградена

Нема да тврдам ништо во овој сегмент, но ќе поставам неколку прашања.

Дали е точно дека Директорот на финансовата полиција Арафат Муареми, преку негов пријател, инаку бизнисмен кој се занимава со продажба на електроника, светло и расвета врши рекет врз фирми?

Дали е точно дека една од компаниите е компанијата „Универзал бои и лакови“, од кој што биле побарани 500.000 евра рекет, за да се прекине истрага против него?

Дали е точно дека Артан Ајро и Арафат Муареми ветувале на бизнисмени дека ќе ургираат кај Вилма Русковска да не покрене обвинение против нив, а како противуслуга барале извесни суми на пари или недвижнини?

На прашањата може да одговорат и посочените, а ако не, ќе почекаме од истрагата и судот да ги одговорат овие прашања.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…

Ужас: Во Германија на секои половина час…

Во Германија на секои половина час дете…