Германски авиони почнаа да го чуваат воздушниот простор на Словачка
Германски борбени авиони почнаа да летаат за да помогнат во заштитата на воздушниот простор на Словачка, јави ДПА.
-Летовите ќе продолжат до 22 декември, соопшти германското воздухопловство Луфтвафе.
Два борбени авиони „Еурофајтер“ од 74. тактичко воздушно крило во Горна Баварија ќе бидат во подготвеност за пресретнување на неидентификувани или непријателски летала во воздушниот простор на Словачка во случај на вонредна состојба, соопшти германската војска.
Покрај тоа, планирани се и тренинг летови над Словачка, како и слетувања таму.
Во април 2022 година, Словачка и обезбеди на Украина ракетни системи за воздушна одбрана С-300.
Со оглед на тоа што Словачка и ги предаде своите борбени авиони МиГ-29 од советско производство на Украина во март оваа година, таа повеќе не може сама да го брани својот воздушен простор.
Првично, оваа задача беше преземена од нејзините непосредни соседи Полска, Чешката Република и Унгарија, а сега Германија обезбедува помош
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…