Објавено на:

Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје

t

Извршниот директор на германскиот производител на оружје Рајнметал, Армин Папергер, изјави дека компанијата е преоптоварена со нарачки за оружје, толку многу што итно треба да го прошири својот капацитет.

На годишното генерално собрание на групацијата Рајнметал, Папергер рече дека нарачките доаѓаат од сите страни и дека „тој никогаш не доживеал вакво нешто во неговите 35 години во Рајнметал“, објави денеска Дојче веле.

Само за време на конференцијата за безбедност во Минхен пред неколку недели, Рајнметал бил посетен од околу педесет шефови на држави или влади, или нивни релевантни министри, а во седиштето на еден од најголемите германски производители на оружје во Дизелдорф, моментално се обработуваат нарачки вредни 55 милијарди евра, што е за 17 милијарди повеќе од веќе рекордната мината година, повеќе од кога било досега.

Се нарачува буквално сѐ што прави компанијата за војската, од огнено оружје до оклопни возила и тенкови, но Рајнметал нуди и ракети, радарски системи и системи за надзор поврзани со противвоздушна одбрана, беспилотни летала и дигитална воена технологија.

Папергер оцени дека во Европа започнала ерата на вооружувањето, а неговата компанија профитирала – приходите и профитот се зголемени за околу 35 отсто, а се очекува растот да остане во тие размери и годинава.

Секторот за воена индустрија итно бара нов кадар поради зголемување на работата, а Рајнметал веќе вработува 32.000 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влен контра Мицкоски: Не е разговаарно за…

Албанската опозиција продолжува да реагира на најавите…

Kaтастрофален извештај за Македонија од ЕУ: Се…

Темелна истрага за Кочани, партиски откази и…

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава…

Основното јавно обвинителство ја започна постапката по…

Човекот кој гласаше за промена на името…

Партијата на пензионери официјално соопшти дека излегува…

Рекордни казни би можеле да следат по…

Рекордно високи казни би можеле да следат…