Германското МНР предупредува за заканите со бомби во Македонија

t

Германското Министерство за надворешни работи предупредува поради заканите со бомби во Македонија, објави Дојче веле.

Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром Скопје, каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен. Треба да се смета со ограничувања и сообраќајни проблеми, се вели во информацијата на германското МНР.

Од Берлин се посочува дека досега сѐ е „останато на закани“ и од германските граѓани се бара да бидат будни и претпазливи, како и да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…

Министерството за надворешни работи и дијаспора на…

Жерновски повикан на консултации во МНР

Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски денеска…

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…