Руски дипломат шпионирал во Софија, соработувал со бугарски генерал
Бугарското Специјално обвинителство и Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) собрале податоци за истрага за шпионажа во корист на Руската Федерација, се дознава од објава на Твитер на државниот обвинител Иван Гешев.
Тој ги испратил податоците до министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Гешев, рускиот дипломат соработувал со бугарски генерал од резервата, кој имал пристап до доверливи информации.
Ова е седми случај на руски дипломати кои се занимаваат со шпионажа на територијата на Бугарија.
❗️Поздравявам Специализираната прокуратура и ДАНС за поредното разследване за шпионаж в полза на Руската Федерация, застрашаващ националния интерес на РБ. 🇧🇬🇪🇺 Надявам се, политическите идеи за закриване на специализираните структури да не са в резултат именно на тези успехи.
— Ivan Geshev (@IvanGeshevPG) March 2, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…