Гинекологија објави нова среќна приказна за две бебиња: Амела се роди со 550, а Амра со 820 грама
Уште две мали предвремено родени бебиња успеале да се изборат за своите животи и да го напуштат Одделението за интензивна нега и терапија, соопштија од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Амела се роди на 29 ноември минатата година, со екстремно мала родилна тежина од само 550 грама. Нејзината мајка Илзан Османи ја роди во 25 гестациска недела. По 156 дена престој на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), Амела, како здраво девојче со тежина од 2640 грама, на 6 мај си замина дома, кај своите родители.
-Второто палче Амра, пак, се роди исто така како екстремно прематурче, со 820 грама и тоа на 8 март. Таа престојуваше кај нас 80 дена и на 27 мај нејзината мајка Мелеќије Сулис си ја зеде во прегратка и си ја однесе дома. Амра замина од ЈЗУ У ГАК – Скопје со тежина од 1800 грама.
На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки, двете мали хероини се изборија со сѐ она што го носи предвременото раѓање, информираа од Клиниката.
Минатата недела, во прегратките на своите родители, по шест месеци престој на Гинекологија, си замина уште едно предвреме родено бебе. Озан е роден на 20 декември 2023 година во 24 гестациска недела со тежина од само 690 грама и со должина од 33 сантиметри, а дома си замина со 2400 грама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 30 предвремено родени бебиња евакуирани од…
Министерството за здравство во Појасот Газа денеска…
Страшно: Драстичен пораст на бројот на случаи…
Гинеколошкото одделение при Општата болница во Кочани…
Отворање на Центар за фетална медицина во…
На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и…
(Видео) Емотивно: Две бебиња извлечени од урнатините…
Едногодишно бебе беше извлечено од урнатините 53…
Скандал во Бугарија: Болниците се проверуваат заради…
За случајот со заменетите бебиња, покрај Извршната…