Гинекологија преполна: На ГАК се повеќе трудници позитивни на коронавирус

t

Во моментов има 11 позитивни жени, осум се продиле две чекаат да се породат. Тие се смесетени во посебен оддел во клиниката, влезот е од задниот дел на клиниката, а има и посебни родилни сали за инфицираните на ковид жени. Во јануари имало 40 трудни позитивни жени, во декември имало 20. Бројот на позитивни жени се зголемува дупло, велат од клиниката. Засега има слободни места, но брзо се потполнува секој слободен кревет. Доктор Јовановска објаснува дека жените кои имаат нормална бременост и се од крајниот стадиум од бременоста се препраќаат во болницата за гинекологија во Чаир. Како решение доколку капацитетите се целосно исполнат во гинекоголија породенити жени ќе бидат хоспитализирани во интерните клиники.

Директорката Јовановска објаснува дека во омикрон бранот пациентките се со полесни симптоми некои се асимптоматски, но кај дел симпотмите се тешки. Во последниот месец починала една трудна жена во петтиот месец од бременоста.

За две години се породиле 455 жени позитивни на ковид, 11 починаа. Гинеколозите апелираат трудните жени да бидат внимателни да не одат во места каде има многу луѓе да носат заштитни маски и по 14 недела од бременоста може да се вакцинираат. Од стартот на оваа недела капацитетите во ковид болниците го стигнуваат пикот на хоспитализирани. Од министерството за здравство најавија дека интерните клиники ќе се отворат повторно за ковид позитивните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…