Гитарата на Курт Кобејн продадена за астрономска сума
Гитарата на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, беше продадена на аукција одржана во Америка за нешто повеќе од 1,58 милиони долари (1,45 милиони евра) на аукција во американскиот град Нешвил.
Станува збор за сина електрична гитара „Skystang I Fender Mustang“, на која музичарот свиреше за време на неговата последна турнеја.
Искинатите фармерки кои Курт ги носеше во спотот за песната „Heart-Shaped Box“ како дел од доделувањето на видео музичките награди на MTV се продадоа за повеќе од 400.000 долари. Патем, тие првично беа проценети на меѓу 10.000 и 20.000 долари.
Сето ова се случи во рамките на аукцијата наречена „Играни, носени и искинати: рокенрол иконски гитари и сувенири“ на која беа прикажани повеќе од илјадници предмети од музичките ѕвезди како Курт Кобејн, Ерик Клептон, Елвис Присли, Принс, Битлси и Френк Запа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гитарата на Курт Кобејн продадена за астрономска…
Гитарата на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн,…
Кличко ги продава боксерските ракавици на аукција…
Своите ракавици ги понудил и братот на…