Гитаристот на групата „ДНК“: Не требаше да биде вака колеги мои – засекогаш ќе ве носам во моето срце!

t

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, а повредени беа 203.

Меѓу повредените беше и гитаристот на групата „ДНК“, Горан Тонев, кој трагичната вечер настапуваше со бендот. Тој два месеци се лекуваше во Солун, а денеска преку Инстаграм се огласи со емотивна порака и фотографии од колегите кои ја загубија битката со животот.

„Поминаа шест месеци од ноќта која на сите ни ги промени животите… Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри, како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е за последен пат. Не требаше да биде вака колеги мои… Засекогаш ќе ве носам во моето срце! Почивајте во мир,“ напиша Тонев.

Попладнево во Скопје е најавен мирен собир, а во Кочани ќе се одржи протест, на кој граѓаните повторно ќе побараат одговорност за трагедијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гитаристот на групата „ДНК“: Не требаше да…

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата…

Со нашиот како сијамски близнаци да се:…

Во европските кругови, според неофицијални информации, преовладува…

Само 500 службени возила ставиле регистарски таблички…

Акцијата за промена на специјалните таблички на…

Ердоган го спореди Нетанјаху со Хитлер: „Ќе…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно го…

Кога оставка? Низ цела држава фалат учебници,…

Низ цела држава недостасуваат учебници, но се…