Објавено на:

Главната украинска црква ОЦУ го менува календарот и се одалечува од Русија

t

Главната православна црква во Украина денеска соопшти дека одлучила да го промени календарот, така што отсега Божиќ ќе се слави на 25 декември, потег што дополнително ќе ја оддалечи од Русија.

Украинските христијани, претежно православни, традиционално го прославуваа Божиќ на 7 јануари, како што е обичај во повеќето православни земји како Русија, која минатата година започна инвазија на Украина.

Ова прашање се наметна како резултат на руската агресија, напиша Украинската православна црква (ОЦУ) на Фејсбук и објави дека повеќе нема да го користи јулијанскиот календар.

„Денеска Јулијанскиот календар се поврзува со руската црковна култура“, се наведува во соопштението на ОЦУ.

Црквата соопшти дека од 1 септември ќе почне да го користи реформираниот јулијански календар, што се смета за почеток на литургиската година. Црквата соопшти дека парохиите, доколку сакаат, ќе можат да продолжат да го користат стариот јулијански календар.

Резултатите од истражувањето спроведено минатиот декември од страна на украинската Влада покажаа дека 59 отсто од над 1,5 милиони анкетирани верници го поддржале преместувањето на прославата на Божиќ на 25 декември.

Украинскиот министер за култура претходно изрази поддршка за промената на календарот, опишувајќи ја како „погодна за барањата на нашето време и јавното мислење“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кузеска: Гаши е одговорен за инцидентот,…

Откако не успеа да го заташка, МВР…

Либанската влада се обидува да спречи одговор…

Либан работи на тоа да спречи одговор…

Ердоган ги обвини Инстаграм и другите социјални…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини…

25 нови случаи на голема кашлица за…

Во периодот од 26 јули до први…

Русите мислеа дека Украина ќе ја нападне…

Русија се сомневаше дека Украина планира да…