Главчев: Со Македонија имаме потпишано компромис од 2022 година, тоа е европски документ и нема веќе што да преговараме
Република Бугарија го поддржува проширувањето на Европската Унија со државите од Западниот Балкан, изјави бугарскиот технички премиер Димитар Главчев од Брисел, каде што присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).
Овој одговор Главчев го даде прашан за тоа што разговарал на состанокот со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Не разговаравме нешто посебно, ме праша каков е ставот на Р Бугарија за проширувањето за Западен Балкан. Посочив дека ние го поддржуваме, дека тоа е геополитичка тема, но оти треба да се почитуваат условите за прием во Унијата“, рече тој.
Зборувајќи конкретно за Северна Македонија, посочи дека постои компромис потпишан уште во 2022 година, како и дека позицијата на Бугарија по ова прашање е непроменета.
„Конкретно за Северна Македонија, знаете… Имаме еден компромис, т.н компромис од 2022 година, компромис преземен од наша страна и тоа е веќе европски документ потпишан од сите земји-членки плус и од Бугарија како членка, плус Република Северна Македонија и нема веќе за што да преговараме, нашата позиција е непроменета,“ вели Главчев.
Главчев ја предводи бугарската делегација на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
Лидерот на политичката партија ГЕРБ, Бојко Борисов, вчера изјави дека разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за состојбата на државата на меѓународен план, но и за состојбите со соседна РС Македонија, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).
„Од разговорот разбрав дека последните две-три години во ЕУ и НАТО имаше многу процеси што се однесуваат на Северна Македонија, а кои се одвиваат без учество на Бугарија, од кои земјата изгуби многу време. Затоа мора да формираме влада и да го зацврстиме нашиот став“, рече тој.
Според него, Бугарија е должна да успее да формира редовна влада поради меѓународната ситуација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…
Собранието денеска ги усвои измените на Законот…
НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!
Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…