„Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“ – трибина во организација на Општина Кисела Вода
Во седмицата кога уште еднаш се одбележува големото дело на браќата Кирил и Методиј, суштински поврзано со почетокот на создавањето на македонскиот книжевен јазик, организиравме трибина насловена „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“.
На вечерашниот настан панелистите д-р Елка Јачева-Улчар, Лазе Трипков и Ласко Џуровски, поттикнаа интересна дискусија околу историските збиднувања врзани со настанокот на двете писма, како столбови на македонскиот јазик и култура.
Се зборуваше за Кирил и Методиј, за Климент и Наум, за глаголицата и кирилицата од 9-тиот век до денес.
Се отвори дебата и за проблемите и грешките што се појавуваат кај поголем број нестандардни фонтови при испишување на определени букви од македонската кирилица, во услови на опкруженост од кирилските азбуки на другите словенски национални јазици.
Посебен интерес меѓу присутните пробудија темите поврзани со предизвиците што доаѓаат однадвор и свесноста која треба да постои кај институциите за зачувување на македонското писмо и јазик, како едни од најважните елементи според кој се препознава и македонскиот национален идентитет.
Во Домот за култура ,,Билјана Беличанец” каде се одвиваше вечерашната трибина, сѐ уште е поставена изложбата ,,Македонска глаголица, македонска кирилица” на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски, која претставува модерна визуелна интерпретација на двете писма.
Истата беше дел од настаните со кои општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник, 6 Мај-Ѓурѓовден.
Воедно, преку организирани посети, изложбата ја видоа и сите ученици од основните училишта на територија од овој дел на градот.
Општина Кисела Вода ќе продолжи и во следниот период со вакви и слични настани кои во својата суштина го имаaт афирирањето на македонската историографија и културологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македон повторно воодушевува, овојпат со лекција…
Македонското чудо од дете, Македон Димитровски, покрај…
Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…
Дел од населбата 11 Октомври без вода
Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…
Хрватскиот министер за здравство по појавата на…
Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…
Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…
Регионалниот центар за управување со кризи на…