Гласаа само СДСМ и Левица – сите други лакоми: Не помина предлогот за ограничување на патните трошоци на пратениците

t

На денешната собраниска седница не помина предлог-законот на Левица за пратениците во однос на ограничување на патните трошоци. По обраќањето на пратеникот Амар Мециновиќ, претседателот на Собранието, Африм Гаши го стави предлогот на гласање за дали да се носи по скратена постапка.

Предлогот на пратеничката група на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците не успеа ниту да биде ставен на дневен ред зашто пратениците од власта го бојкотираа гласањето на денешната собраниска седница иако беа присутни во салата. За предлогот гласаа 23 опозициски пратеници од Левица и од СДСМ, додека само еден пратеник од ДУИ гласаше против.

Од 100 присутни пратеници, гласаа само 23 и тоа 22 „за“, еден беше „против“, а немаше „воздржани“, со што предлогот на пратениците на Левица не беше усвоен.

Веднаш по ова се огласи и лидерот на партијата, Димитар Апасиев.

-ДПМНЕ не го изгласа предлог-законот на Левица за намалување на ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ на пратениците! Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите, објави претседателот на опозициската партија на социјалните мрежи.

Според сегашната методологија, за секои извозени 100 километри, пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име патни трошоци плус патарини. Левица предлагаше овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 километри, што би било околу 500 денари.

Уште од вчера пратениците од владеачкото мнозинство, составено од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН информираа дека нема да го поддржат ваквото законско решение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…