„Гласен Текстилец“: Породилното отсуство да се исплаќа 100%, да не се дозволи исплата на К-15 по 100 денари и застарување на парични побараувања од работен однос пред судовите
Поголема заштита и унапредување на работничките права мора да обезбеди новиот Закон за работни односи, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. На јавната расправа се доставени пет забелешки, меѓу кои отсуство од работното место по однос на мајчинство или татковство мора да биде 100 посто исплатено, со цел младите да се задржат во земјава и да се мотивираат да формираат семејство, како и да се избегне можна манипулација од страна на работодавците.
Се бара и во новото законско решение да не се дозволува исплата на регрес за годишен одмор или познат како К15 и по 100 денари, бидејќи досега тоа им беше овозможено на работодавците под превезот на економски тешкотии во работењето.
Клучно е и во Законот за работни односи да не се дозволува и застарувања на парични побараувања од работен однос пред судовите, бидејќи како што вели Ампева во овој случај губат и работниците и државата, ако не им се исплатат и платите и продонесите. Јавните расправи за новиот Закон се во тек, асоцијациите, коморите, невладините и синдикатите се дел од овие расправави, кои деновиве се одржаа во Струмица, Штип и Битола.