„Гласен текстилец“: 46 македонски компании воопшто не исплатиле К-15
Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до невладината „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15. Според податоците на „Гласен текстилец“ 46 македонски компании воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок, а 16 фирми кои само делумно исплатиле К-15.
Од „Гласен текстилец“ велат дека имаат пријави од работници од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава.
Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина.
Работодавачите во приватниот сектор имаат законска обврска на вработените да им исплатат регрес за годишен одмор односно К- 15, до крајот на годината. За 2021 минимум изнесуваше 11 457 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдите се жалат дека работниците не се…
Македонија е една од државите во регионот…
(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…
Денес по повод 1 Мај, Денот на…
(Во живо) Работниците им свртеа грб на…
Овие се на одмор додека ние протестираме,…
ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на Левица за…
ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на Левица за…
Во последните три години од Косово заминале…
Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…