Гледајте нѐ пред Уставен суд! – порача Арсовска пред седницата на која Судот ќе расправа за ДУП-от на Ѓорче Петров

t

Градоначалничката Данела Арсовска најави дека денеска ќе оди пред Уставен суд, додека Судот одржува седница на која на дневен ред е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 на Општина Ѓорче Петров, донесена во февруари 2024 година на вонредна седница, која Арсовска ја оспорува.

Во иницијативата до Судот, градоначалничката наведува дека е спротивна на уставниот принцип на владеењето на правото и на одредбите од Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Ѓорче Петров од причина што Уставот определува објавување на прописот како услов за влегување во сила.

Меѓудругото, се наведува и дека оспорената одлука не е објавена на веб-страницата на Општината што ја прави формално-правно невалидна и спротивна на Законот за урбанистичко планирање.

Според подносителот на иницијативата, донесениот ДУП поради непочитување на законската постапка и неприфаќањето на мислењата од стручните лица, како и без позитивно мислење од Град Скопје не е во согласност со ГУП на Град Скопје 2012-2022 при што реализација на истиот може да предизвика еколошка и безбедносна закана за жителите на град Скопје. Понатаму се наведува дека оспорениот ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров има промена на намена и регулација со што не е во согласност со процедурите и законите и предвидува изградба на 2% повеќе од максимално дозволеното со закон. Оттука, подносителот смета дека со предимензионирањето на висините на градбите и додавање на производни капацитети од хемиската индустрија загрозена е една од темелните вредности на Уставот – уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата – образложуваат од Уставниот суд во врска со поднесената иницијатива.

Арсовска со порака до граѓаните упатена преку Фејсбук „Денеска гледајте нѐ пред Уставен суд“ посочува дека ДУП-от не добил позитивно мислење од Градот, дека планот е небезбеден и дека при катастрофа и криза од природна непогода, постои опасност половина Скопје да биде отсечено, бидејќи не е корегиран ДУП-от согласно укажувањата од Град Скопје и согласно стандардите.

Како што веќе пишуваше „Слободен печат“ веднаш по усвојувањето на ДУП-от спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров планирана е изградба на неколку десетици згради, највисоката на 21 кат. Зградите ќе се градат на просторот од кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП „Скопје“, на границата на Општина Ѓорче Петров со Општина Карпош.

ГУП-от предвидува 3.750 максимален број на жители, а ДУП-от 7.244. Со ГУП-от максимално дозволена нето густина на населеност од 335 жители на хектар, додека со овој ДУП е 648 жители на хектар. Целиот опфат на ДУП-от е во втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец, каде меѓу другото е забранета изградба на нови индустриски комплекси кои во технолошките процеси користат опасни и штетни материи. Забранета е изградба на лесна индустрија, на згради и сè што може да ги загади подземните води, освен ако стручна експертиза докаже дека нема да има штетно влијание врз подземните води, со посебни услови, строги мерки на заштита. Наместо да се дислоцира постоечката индустрија во овој дел, да нема градби, да се заштити просторот, се планира и нова индустрија и еден тон згради – напиша Арсовска на Фејсбук.

Но, останува прашањето зошто е потребно присуството на градоначалничката и на нејзиниот тим пред Уставен суд додека трае седницата. Нели е тоа притисок врз Судот?

Почитуван читателу,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…

Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…