„Глетка која ќе ве потресе сите…“: Пронајдени маж и жена под урнатините, биле силно прегрнати
Во градот Доња Јабланица 15 лица загинаа по разорна поплава и лизгање на земјиште од каменолом. Речиси целата населба беше опустошена, а потрагата по преостанатите трае веќе неколку дена од трагедијата.
Младата брачна двојка Јасмин и Ирмела е пронајдена мртва во урнатините. Поплавата им го уништила домот, во чии урнатини спасувачите ги пронашле нивните тела.
Кога спасувачката екипа ги пронашла, глетката што ја виделе под урнатините ги потресе сите. Нивните тела беа цврсто прегрнати.
Заедницата се збогува со двајца луѓе кои ги опишуваат како примерни и грижливи. Нивната љубов и поврзаност беа инспирација за сите што ги познаваа, пишува Аваз.
“Тешко е да се опише тагата што ја чувствуваме. Ирмела и Јасмин беа неразделни, нивната љубов им беше позната на сите, а можеби единствената утеха во овие моменти е што беа заедно до крај”, изјавил нивниот близок пријател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…