ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани и изгореници
На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани, дијабетично стопало, изгореници, но и спортисти.
Новата услуга е овозможена како проектна активност на болницата со донација од компанијата „Зегин“.
– Услугата најчесто ќе ја користат пациентите со хронични рани, кои тешко заздравуваат, дијабетично стопало, изгореници, но исто така и од пластична хирургија, пулмологја, сегметите кои работат на зајакнување на имунитетот и не само пациенти туку и здрави спортисти кои понатаму преку проектите што ги планираме ќе бидат користени за зајакнување на нивните спортски перформанси. За кратко време ќе стане достапна за пациентите, изјави денеска директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Септемвриската пензија ќе биде зголемена само за…
Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе…