Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „страјкер“ набавени од САД – вели Мисајловски
Оваа година ќе пристигнат сите 42 борбени возила од типот „страјкер“ за Армијата што се набавени од Соединетите Американски Држави (САД), соопшти денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски при образложување на амандман на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
На денешната собраниска Комисија за одбрана и безбедност се разгледа информацијата за потребата на доделување на амандманот број 2 на договорот кој се однесува за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала од типот „Страјкер“, склучен меѓу владите на С Македонија и САД.
Мисајловски при образложението на седницата рече дека се работи за технички амандман, бидејќи 17 возила веќе се пристигнати на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стигнуваа.
„Ова е технички амандман бидејќи е потпишан договор за 42 борбени возила од типот ‘страјкер‘. Оваа година сите ќе пристигнат. Веќе 17 од нив се на пристаништето во Грција, за што треба да помине овој амандман. Потоа сите возила ги примаме кај нас. Тие остануваат на Армијата. За нивно користење потребна е обука“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „страјкер“…
Оваа година ќе пристигнат сите 42 борбени…
Мицкоски гледа политика во протестот на ССМ…
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за…
Мицкоски: Ако треба Владата да падне поради…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва на…
Митева: Значајни одлуки за напредокот на граѓаните,…
На денешната седница Владата донесе низа значајни…
Трамп: Добри работи се случуваат во разговорите…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…