Голготата продолжува: Обвинителството поднесе жалба на ослободителната пресуда за велешанката Пале
Обвинителство одлучи да поднесе жалба на ослободителната пресуда која и беше изречена на велешанката
Пале Илоска, која неодамна од судот во Велес беше ослободена од обвинение за убиството на својот поранешен партнер Александар Ристовски.
„Основното јавно обвинителство Велес поднесе жалба на пресудата со која обвинетата беше ослободена од обвинение за кривично дело – Убиство на миг“, одговорија за „Фокус“ од обвинителството.
Ова значи дека обвинителството, сепак, бара казна за Илиоска, која се гонеше за кривичното дело „убиство во миг“. Таа пак пред судот истакна дека не се чувствува виновна, бидејќи делото го направила во самоодбрана.
Овој случај ги потресе граѓаните откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен невенчан сопруг, и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.
Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет, кои велат дека обвинетата требало да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.
На 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовски, тој започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови.
Влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото. Силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.
Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.
Сега на потег е Апелација.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Ќе се регулира распределбата на предмети во…
Министерството за правда најави дека ќе се…
(Видео) Илјадници претставки се испраќаат до Судскиот…
Илјадници претставки се праќаат до Судскиот совет,…
Бугарски “Рекет”, голема акција на бугарското обвинителство:…
Бугарскиот градежен бизнисмен Велико Желев е обвинет…
Дојава за бомба во зградата на бугарското…
Дојавата за бомба ги затвори сите згради…