Објавено на:

Голема акција во Германија и Швајцарија: Уапсени терористи од “Исламска држава”

t

Во заедничка операција во Германија и во Швајцарија беа уапсени наводни членови и поддржувачи на терористичката организација „Исламска држава“.

Три лица се приведени синоќа во Швајцарија во кантоните Цирих, Сент Гален и Луцерн, информираше швајцарското Обвинителство, откако властите извршиле седум претреси.

Тие се осомничени дека се членови или поддржувачи на забранетата терористичка организација „Исламска држава”, соопштија властите.

Едно лице е уапсено во германскиот град Ремерберг, соопшти германското федерално Обвинителство.

Уапсениот Алем Н. е осомничен за „подготвување акт на насилство, што може да ја загрози безбедноста на државата, а исто така и дека е член на странска терористичка организација”, се наведува во соопштението.

Наводно, тој отишол на кратко во Сирија во септември 2020 година, а потоа, „најдоцна во април 2021 година, повторно отишол во Германија, каде станал член на „Исламска држава””.

„Основната задача му била да преведува официјални текстови, видеоклипови и аудио соопштенија на „Исламска држава”, од арапски на германски јазик и да ги дистрибуира преку различни канали на апликацијата за комуникација Телеграм во германското говорно подрачје”, се појаснува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Германија и требаат 300.000 нови станови…

Бројката од годишната прогноза за потребите за…

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

Се сруши авион во Германија: Девојче извлечено…

Мало девојче (6) е извлечено од остатоците…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Германската разузнавачка служба: Имаме јасни докази како…

Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред…