Објавено на:

Голема победа на голем празник! Иџе со одличен старт во Франција

t

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.

Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.

Во Генералниот поредок Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иџе ќе им оддаде почит на жртвите…

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефаноски-Иџе во наредните трки низ…