Објавено на:

Голема победа на Ноле, ќе игра на Роланд Гарос и без вакцина

t

Иако претходно беше потенцирано дека Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи на претстојниот Ролан Гарос доколку не ја прими вакцината, Франција реши да направи промени во политиката во однос на зелените сертификати, па најдобриот светски тенисер сега ќе може да се натпреварува.
Луѓето кои заболеле од Ковид во последните шест месеци можат непречено да циркулираат во Франција, што значи дека Ѓоковиќ без проблем ќе може да влезе во оваа земја, со оглед на тоа што кон средината на декември добил позитивен тест за корона.

Тоа значи дека неговиот „пас“ важи барем до средината на јуни, кога се одружува Ролан Гарос во главниот град на Франција. Ова е најновата одлука на француската влада, која потоа беше потврдена во тамошниот национален парламент.

Сите спортисти од понеделник ќе треба да го имаат на располагање таканаречениот „супер ковид-пасош“ кој се добива доколку се вакцинирани или поминале најмалку 11 дена од закрепнувањето од ковид, а не повеќе од шест месеци од тој датум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Францускиот МНР: Франција е решена да ја…

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…

Пратеници од Левица остварија средба со францускиот…

ПРАТЕНИЦИ ОД ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ…

Франција забранува пушење на сите јавни места…

Пушењето ќе биде забрането од 1 јули…

Франција со порака до премиерот: Мицкоски зема…

*Анализа на француското специјализирано списание „Le Courrier…

Гром удри во зоолошка градина во Франција,…

Во зоолошката градина во општината Ла Барбен,…