Голема полициска акција во Србија, запленети над 2,4 тони дрога – меѓу уапсените има и Македонци

t

Српската полиција во координирана акција низ целата земја заплени повеќе од 2,4 тони наркотични средства и уапси голем број лица осомничени за трговија со дрога.

Најголемата заплена е извршена во Земун, каде што биле пронајдени речиси две илјади килограми марихуана, скриени во торби и вреќи што осомничените ги префрлале меѓу возила. Полицијата извршила претреси и во Врање, Бор и Нови Сад, каде се откриени плантажи и лаборатории за одгледување и сушење марихуана.

Во Врање, во соработка со граничната полиција кон Северна Македонија, бил уапсен 41-годишниот А.Ѓ., кај кого биле откриени 910 растенија канабис со тежина од околу 450 килограми, како и импровизирана лабораторија и нелегално оружје. Во Бор, кај 33-годишниот И.Т. биле пронајдени кокаин, амфетамини и 24 растенија канабис.

Во Нови Сад, кај Н.Ѓ. (32) и С.А. (33) полицијата открила лабораторија со 51 растение, 115 помали стебла и сушена марихуана, додека на граничниот премин Прешево бил уапсен албански државјанин со 758 грама хероин.

Особено внимание привлече апсењето на државјанин на Северна Македонија, И.С., кој на автопатот Ниш–Лесковац превезувал 8,3 килограми кокаин скриен во автомобил „Форд“.

Во Белградската општина Палилула, пак, бил уапсен Бојан М. (45), кај кого полицијата пронашла 28 килограми марихуана, два килограми кокаин и над 81.000 евра во готово.

Српското МВР соопшти дека ова е една од најголемите акции против организирана трговија со дрога во последните години, спроведена со висок степен на координација и во соработка со македонските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукотница во католичко училиште во Минеаполис –…

Најмалку три лица, вклучувајќи го и напаѓачот,…

СДСМ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски…

Прес конференција на СДСМ, Јовица Јанковиќ –…

Голема полициска акција во Србија, запленети над…

Српската полиција во координирана акција низ целата…

Барањето на Трамп исполнето: ЕУ ги укинува…

Европската Унија ќе предложи укинување на сите…

Филипче: Зад обвинувањата за дестабилизација, Мицкоски го…

Претседателот на СДСМ, Д-р Венко Филипче, денеска…