(Видео) Голема полициска акција по наредба на обвинителството: Приведена цела криминална група која шверцала дрога
Во текот на ноќта по насоки на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, службеници од Министерството за внатрешни работи, спроведоа координирана полициска акција на повеќе локации на подрачјето на Скопје. Со акцијата во која десет лица се лишени од слобода, е сузбиена меѓународна криминална група чии членови покрај наши државјани, биле и албански и косовски државјани. Групата се занимавала со недозволена трговија и продажба на наркотични дроги, организирајќи транспорт на марихуана од Албанија преку Косово во нашата држава, со цел понатаму да се пренесе во Турција.
Имено, во ноќните часови, на локалниот пат кон с.Сопиште возила од страна на полициските службеници се запрени две патнички моторни возила. При извршениот преглед во багажникот на едно од возилата е пронајдена вреќа со спакувани 27 пакувања марихуана, додека другото возило имало задача да известува за присуство на полициски патроли, односно имало улога на „чистач“. Двете лица се лишени од слобода, а наркотичната дрога е одземена. Во исто време, на крстосница кај Трговскиот центар на подрачјето на Бит Пазар, од страна на полициски службеници се лишени од слобода три лица кои се превезувале со патничко моторно возило, меѓу кои еден албански државјанин, а едно лице е лишено од слобода во населбата Ѓорче Петров. Воедно на излез на Граничен премин – Долно Блаце, од страна на граничната полиција од слобода е лишен косовски државјанин при обид да побегне од државата.
При извршен претрес на две локации во с.Патишка Река се пронајдени 26 пакувања марихуана, а од слобода се лишени две лица за кои биле распишани Централни потерници, по судски наредби, за правосилна осуда на 2 години казна затвор и дополнителна мерка притвор за едното лице и судска наредба со определена мерка притвор за второто лице.
Претреси се извршени и на повеќе локации во Скопје, и тоа во с.Никиштани, Карпош и Бит Пазар, каде се пронајдени предмети поврзани со кривични дела. Според првичните проценки запленетата дрога е во вредност над 200.000 евра.
Во текот на денешниот ден јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе донесе Наредба за спроведување на истрага против десетте лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Осомничените во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на судот ќе му предложи на осомничените да им биде изречена мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…