Објавено на:

Голема сообраќајна несреќа на патот Приштина-Пеќ: Повредени околу 30 лица, најголем дел ученици

t

30 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале автобус, автомобил и камион, на патот Приштина-Пеќ, кај градот Враголија. Автобусот превезувал ученици кои биле на екскурзија во Албанија, пренесува Телеграф.
Портпаролот на косовската полиција Бајрам Красниќи соопшти дека во несреќата се повредени 30 лица и дека на местото на настанот пристигнале медицински екипи.

„Во 15 часот и 50 минути полицијата била известена за сообраќајната несреќа што се случила на патот Приштина-Пеќ. Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица. Информирани се и медицинските екипи“, изјави Красниќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…