Големо полициско обезбедување во Градски парк – Половина Кавадарци доаѓа во Скопје!
Денеска од 19 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се игра финалето од Купот на Македонија во кое ќе се сретнат Тиквеш и Воска, за двете екипи ова е прв ваков меч во историјата.
Финалето од националниот куп секогаш е посебен меч, а овојпат ќе има посебен зачин, за двата финалисти ова е прво финале во историјата. Тиквеш и Воска стигнаа најдалеку оваа сезона, а само еден од нив ќе се радува на трофејот.
Покрај трофејот кој е огромен мотив, победникот вечерва ќе добие и излез на европската сцена, ќе игра во Конференциската лига.
Најавена е армија навивачи од Кавадарци кои ќе му дадат поддршка на Тиквеш во овој историски меч за нив. Веќе голем број полициски службеници се поставени околу стадионот и во парк.
Нека биде празник на фудбалот и без инциденти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…