Големо свлечиште во Железара!
Жители на скопската населба Железара во изминатиов период на повеќе начини се обидуваат да го привлечат вниманието на Општина Гази Баба и на градоначалникот Бобан Стефковски во врска со сериозен проблем со кој се соочуваат – опасност од огромно свлечиште на локацијата каде што се изградени двете нови згради на главната улица „Коце Металец“, пишува Слободен печат.
Жители на скопската населба Железара во изминатиов период на повеќе начини се обидуваат да го привлечат вниманието на Општина Гази Баба и на градоначалникот Бобан Стефковски во врска со сериозен проблем со кој се соочуваат – опасност од огромно свлечиште на локацијата каде што се изградени двете нови згради на главната улица „Коце Металец“.
– Упатувам апел до Општина Гази Баба и до градоначалникот Бобан Стефковски. Состојбата помеѓу зградата на Елена Лука и зградата на „Два брата градители“, во која е сместено казиното „Сенатор“, е повеќе од алармантна. Веќе подолго време зградата кај казиното има свлечиште и паркингот со последните врнежи има пропаднато најмалку еден метар со тенденција да оди уште подолу – вели жител на Железара.
Тој ги повика надлежните што поскоро да реагираат и да интервенираат на оваа локација, каде што според фотографиите, доколку не се постави некаков вид потпора, уште повеќе би пропаднал паркингот, а со тоа и станарите од зградата би биле во огромна опасност, земајќи предвид дека зад зградата нема ништо освен стрмна надолнина.
– Не знам колку е точно, дојдов до информација дека зградата кај казиното нема шипови, па затоа во најкраток рок треба Општина Гази Баба да интервенира и да стави потпорен ѕид за да би се спречило понатамошно лизгање на земјиштето, а со тоа и на паркингот, па и на зградата. Инаку, само да информирам, Општината има обврска да направи потпорен ѕид затоа што се обврзала со договор, а богами и двете згради ѝ имаат уплатено комуналии за таа намена и тоа не се малку пари. Поздрав до Општината и до градоначалникот, добро е да се позанимаваат малку повеќе со оваа проблематика, да не биде доцна – додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големо свлечиште во Железара!
Жители на скопската населба Железара во изминатиов…
Ангелов: Има загрозени објекти на Водно, проблемот…
На Водно има загрозени објекти и проблемот…
Свлечиште во Шипковица – четири куќи во…
Свлечиштето во селото Шипковица, Тетово, загрозува четири…
Четири куќи се директно загрозени! Свлечиште во…
Поради обилните врнежи на дожд кои го…
Поднесено обвинение за кражба на кабли од…
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага,…