Голем дел од дрогата и оружјето во Идризово биле кај осудените за “Диво насеље”: Директорот на затворот зачуден
Никој нема да биде поштеден од одговорност, изјави вчера министерот за правда Никола Тупанчевски, а директорот на „Идризово“ многу го чуди изјавата на МВР во која се споменуваат „многу ножеви и други предмети“.
Дрога, оружје, мобилни телефони и голема сума пари пронајде полицијата кај осуденици во Казнено-поправниот дом „Идризово“. Поголем дел од пронајдените предмети ги поседувале затвореници од терористичката група осудена за случајот „Диво насеље“.
Според директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, претресот траел три часа.
– Не сакаме да ја компромитираме истрагата, но доколку се утврди нечија одговорност, ќе се бараат оставки – нагласи Спасовски.
Акцијата беше координирана меѓу четири државни институции, а беше спроведена на барање на Управата за извршување санкции.
– Никој нема да биде поштеден од одговорност – изјави вчера и министерот за правда Никола Тупанчевски, коментирајќи ја акцијата.
Реџеп Реџепи, директор на КПД „Идризово“, за „Слободен печат“ вели дека во завчерашната акција на полицијата се пронајдени кујнски ножеви и мала количина дрога кај некои затвореници.
– Претресот беше извршен во неколку ќелии од затворениот и полуотворениот оддел на затворот. По завршување на претресот од полицијата, бев известен дека кај некои затвореници биле најдени неколку кујнски ножеви. Многу ме зачуди изјавата од МВР каде што се споменуваат многу ножеви и други предмети. Како затворска управа чекаме официјално од МВР да бидеме известени за тоа што е пронајдено – вели Реџепи.
За евентуалната одговорност на затворските стражари, директорот Реџепи вели дека никој од затворската полиција нема да биде казнет.
МВР извести дека биле претресени затвореници од 25 ќелии, меѓу кои биле и осудениците на доживотен затвор во случајот „Диво Насеље“. Кај нив полицијата пронашла мобилни телефони и компјутери.
– При претресите, пронајдена е поголема сума пари од законски дозволените што осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-ина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножа и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, во течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела – соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
Акцијата на МВР следува по само два дена откако во „Идризово“ била пријавена тепачка во која се користеле и ножеви.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…
Пандов за Инфомакс: Одговорно тврдам дека не…
- Одговорно тврдам дека не сум предложил…
(Видео) Идризово како гладијаторска арена: Затвореници се…
Како на гладијаторска битка, во македонските затвори…
Јанева се враќа во „Идризово“ откако била…
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева e…
Скопјанка се обидела да внесе марихуана за…
Полицијата приведе четириесетгодишна скопјанка која се обидела…