ГОЛЕМ ИГРАЧ, УШТЕ ПОГОЛЕМ ЧОВЕК: Мајкл Џордан со ОГРОМНА донација ќе израдува многу деца
Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан донираше 10 милиони долари на хуманитарната организација „Make-A-Wish“ во пресрет на неговиот 60-ти роденден.
Тоа е најголемата поединечна донација во 43-годишната историја на организацијата.
-Во изминатите 34 години, ми беше чест да се здружиме со „Make-A-Wish“ и да помогнам да им донесеме насмевки и среќа на толку многу деца. Нивната сила и издржливост за време на толку тежок период во нивните животи навистина беа инспирација“, изјави шесткратниот шампион во НБА, кој во петок го слави својот 60-ти роденден.
Поранешниот играч на Чикаго и Вашингтон, сега сопственик на Шарлот Хорнетс, во 1989 година ја поддржа оваа организација која им помага на децата со тешки болести.
Тој беше именуван за главен амбасадор на организацијата во 2008 година, поради неговото „влијание што го менува животот на децата и нивните семејства“.
-Не можам да замислам подобар роденденски подарок од тоа да видам како другите ми се придружуваат во поддршката на „Make-A-Wish“ за секое дете да ја доживее магијата на остварување на желбата, изјави Џордан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…