Објавено на:

Голем пожар во Кочани, изгоре куќа

t

Во пожар што избувна околу 14 часот во населбата Трајаново Трло во Кочани изгореа петнаесетина хектари нискостеблести растенија и зимзелена шума.

Огнената стихија што почнала во близина на населбата зафатила една од куќите, која целосно е изгорена, а потоа ветерот неконтролирано го проширил огнот кон блиската шума.

На терен излегоа пожарникарите на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, при што во гаснењето на огнот се ангажирани осум возила. Поддршка во интервенцијата даде и комуналното прептијатие „Водовод“, како и месното население.

-И покрај напорите да спречиме огнот да се прошири кон станбените објекти во месноста Диви градби, поради силниот ветер не успеавме и една од куќите беше зафатена од пламените јазици. Во моментот пожарот е локализиран и оневозможено е неговото ширење по падините на Осоговските Планини, каде има сува вегетација. Според првичните информации, нема повредени лица, но причинета е поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Пожарот во населбата Трајаново Трло избувнал веднаш по завршувањето на интеревенцијата на пожарникарите при пожарот во фабриката за стиропорни изолациони материјали во индустриската зона во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Кочани, изгоре куќа

Во пожар што избувна околу 14 часот…

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано…

Конечно стигна во Кривичен обвинението за пожарот…

Обвинителниот акт за трагичниот пожар во Кочанската…

Митовски: Општина Крива Паланка стои на располагање…

Општина Крива Паланка стои на располагање на…

Тројца повредени во „Пулс“ уште се лекуваат…

Тројца од повредените во пожарот во „Пулс“…