Голем протест денес во Белград
Во главниот град на Србија денеска попладне во 16 часот се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад.Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.
Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.
Десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците во главниот град на Србија, Белград за да ги поздрават колоните студенти кои се собираат од речиси цела држава за големиот антивладин митинг денеска
Денови претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек за кој српската полиција соопшти утрово дека имало околу 31.000 луѓе.
Граѓани на Белград до доцна синоќа беа на улиците во центарот на градот каде ги пречекуваа илјадниците студенти кои се собраат во Белград за митингот планиран денеска и кој како што велат студентите во блокада – ќе биде најголемиот во историјата на Србија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ со недели упатува пораки да се зачува мирот во државата со цел да ги одврати луѓето да присуствуваат на денешниот протест.
Тој постојано предупредува дека на митингот се планира насилство и се закани со апсење поради какви било инциденти. Поддржувачите на Вучиќ кампуваат во центарот на градот, поттикнувајќи ги стравувањата од судири со демонстрантите.
На прес-конференција синоќа Вучиќ повторно рече дека властите добиле повеќе извештаи за наводни планирани немири и го опиша саботниот собир како „незаконски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…