Објавено на:

ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД, АЛАРМ И ЕКСПЛОЗИИ НИЗ УКРАИНА! Истрелани хиперсонични проектили, акции на бомбардери Ту-95, лансирани беспилотни летала

t

Во текот на изминатата ноќ, руските сили извршија голем воздушен напад низ Украина, во кој цел беше критична инфраструктура во неколку области на земјата.

Киев Индипендент пишува дека електрани биле оштетени во регионите Харков, Киев, Запорожје и Лавоб.

– Инженерите работат на реставрација на оштетените објекти – напиша на Фејсбук Херман Халушченко, украински министер за енергетика.

Воздухопловните сили на Украина рано утринава издале тревога за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги и западните области најоддалечени од линијата на фронтот.

Украинската војска соопшти дека Русија лансирала беспилотни летала, крстосувачки ракети од бомбардери Ту-95 и хиперсонични ракети Кинжал во различни области на Украина.

Олег Синјехубов, гувернерот на Харковската област, објави дека областа била погодена со проектили најмалку десет пати, предизвикувајќи штета на критичната инфраструктура.

Ихор Терехов, градоначалникот на Харков, најави дека населението треба да очекува прекини на струја и дека метрото во тој град нема да работи неколку часа.

– Повеќе од 200.000 корисници на електрична енергија во регионот Харков по нападот останаа без струја, а метрото се користи како засолниште – изјави Олексеј Кулеба, заменик началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Се наведува дека засега нема извештаи за жртви.

Киев Индипендент потсетува дека Русија неодамна ги засили нападите врз Харков, вториот по големина град во Украина, таргетирајќи ја неговата критична инфраструктура, како и станбените области со ракети, лејд бомби и беспилотни летала.

На 1 април Терехов изјави дека „речиси целата“ енергетска инфраструктура во тој град била уништена во руските напади.

Foto: Shutterstock

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…