Голем удар за Западот: Русија и Индија преговараат за договор за слободна трговија
Шефот на индиската дипломатија С. Џаишанкар и рускиот министер за трговија и индустрија Денис Мантуров денеска во Њу Делхи преговараат за договор за слободна трговија.
– Договорен е претходен договор, истакна Џаишанкар, додека Мантуров наведе дека договорот за слободна трговија ќе се загарантира билатералните инвестиции.
Трговските односи помеѓу Њу Делхи и Москва се интензивираа по руската инвазија врз Украина.
Индија директно не ја критикуваше руската инвазија врз Украина повика на мирно решение на конфликтот преку дијалог.
Русија, традиционалниот индиски снабдувач на воена опрема, од минатиот месец е главен снабдувач на Индија со нафта, пред Ирак.
Вкупниот увоз на Индија од Русија се зголеми речиси четирипати во текот на минатата година, на 46,33 милијарди американски долари.
Индија, исто така, сака да го намали својот зголемен трговски дефицит со Русија, која е нејзин најголем снабдувач на воена опрема и четврти по големина пазар за нејзините лекови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…