Објавено на:

Голем удар за Русија, хакерски напад го колабира банкарскиот систем и мобилните оператори, на удар нафтените гиганти

t

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад кој го нарушил работењето во банкарските системи, платните системи и мобилните мрежи во земјата, а особено се погодени нафтените компании.

Како што објави порталот Економска правда, утрово клиенти на многу банки се пожалиле на проблеми со плаќањето, а имало и проблеми со системот за брзо плаќање. Според првичните информации, најлоша е состојбата во Лукоил, чии вработени не можеле да се логираат на своите компјутери. Наместо тоа, како што известува медиумот База на Телеграм, мнногу луѓе ги дочека „чудна порака на екранот“ која изгледаше како сајбер напад.

На сите вработени им е укажано да не се логираат на работните сметки додека не се реши ситуацијата, за да се спречи протекување на податоци.
Ura.ru пренесува дека нападот се случил и во друг нафтен гигант, Роснефт, чии вработени биле пречекани со порака со иста содржина како и во Лукоил.

„Од вработените се бара да ги исклучат своите компјутери и да не ги користат корисничките имиња и лозинките на нивните деловни сметки до дополнително известување“, пишуваат тие.

Русија, исто така, се соочи со хакерски напад минатиот викенд, кога услугите на интернет провајдерот Ловит беа прекинати низ Москва и Санкт Петербург. Меѓу другото, жителите на некои згради не можеа да влезат во своите домови бидејќи системите за домофон беа оневозможени, а деловните субјекти во погодените згради пријавија дефекти во терминалите за плаќање и програмите за лојалност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…

Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…