Голем успех на големиот Комита: Бобан Илиоски е европски шампион во кик бокс!

t

Бобан Илиоски е европски шампион!!!!!

Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Ова е втор медал за Македонија на ЕП, откако Викторија Варадинова се закити зо бронзен медал.

„Боби се бореше промислено и поразлично од секогаш. Одеше на сигурни поени и се пазеше од непотребен ризик да не дојде до повреди и не одеше на нокаут, како што знае секогаш. Сите негови противници, познавајќи го дека е офанзивец и плашејѓи се од нокаут со своите тренери имаа изградено тактика за борба против Боби. Но, ги збунивме, бидејќи ја сменивме целосно тактиката и начинот на борба, односно со поени да стигнеме до победа и до злато. Дадените инструкции се покажаа продуктивни. Добро е што Боби нема никаква повреда, бидејки за краток период имаме профи борба на Сенши, престижниот турнир против Едуард Алексијан од Бугарија“, изјави сeлекеторот Дејан Митровски-Урко за Ипон.мк.

Резултати Европско првенство:

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…

Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…

Црногорската влада воведе санкции против Белорусија

Владата на Црна Гора денес одлучи да…